Ослабнав 152 килограми за моите деца да се гордеат со мене, а потоа го замразив своето тело

2 mins read

Американката Ана уште од малечка се борела со прекумерната тежина и никако не можела да ослабне. Кога поради тежината започнала да чувствува психичка и физичка болка, таа цврсто одлучила да го „стопи салото“.

Изгубив 152 килограми со цел моите деца да се гордеат со мене, но сега мразам како изгледа моето тело, не можам да поднесам да се гледам во огледало, изјави 28-годишната Ана, на која значително и се променил животот со намалувањето на килограмите.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Кога сте класифицирани како човек во критична здравствена состојба, загубата на тежината се смета за добра работа. Но, оваа мајка од Њу Џерси мрази како изгледа откако се ослободила од огромниот вишок на килограми. Ана имала проблеми со дебелината уште од дете.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Таа се бори со тежината уште од четвртата година. Без оглед што и да направевме или кој доктор и да го посетевме, таа само растеше во тежината. Тоа беше многу фрустрирачки за нас“, открива нејзината мајка.

Кога имала најмногу килограми, како што вели таа, чувствувала физичка и психичка болка па токму поради тоа се одлучила за намалување на вишокот килограми.

„Намалувањето на килограмите од почеток беше навистина бавно, но пешачењето помогна да се забрза тој процес“, изјави Ана. Но кога таа конечно ја достигнала својата посакувана тежина, се случила горката реалнот за неа бидејќи се соочила со голем вишок на кожа.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Се чувствувам одвратно и го мразам своето тело. Сите можат да видат како кожата на рацете и бутовите ми се тресе. Мојот стомак буквално виси, изгледа како месо за хамбургер“, изјави Ана која се чувствувала еднакво лошо со вишокот кожа како и претходно со вишокот килограми.

Но подоцна Ана конечно го добила посакуваното тело кога одлучила да го отстрани вишокот кожа, кој го прикажал вистинскиот успех од намалувањето на огромната тежина.

„Во овој момент, откако хируршки ја отстранив кожата, воодушевена сум од моето тело“, изјави Ана.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Оваа мајка конечно е среќна што може слободно да прошета и да се забавува со своите ќерки и повеќе не се срами да облече костим за капење.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД нема да учествуваат на состаноците на Г-20 доколку присуствува Русија

Следно

ВИДЕО: Легендарниот дрес на Диего Марадона од СП 1986 година оди на аукција!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian