Му ги прости модринките: Марија Каран се смири со поранешното момче

2 mins read

Српската актерка неодамна беше во центар на вниманието поради бурното раскинување кое беше проследено и со физичка пресметка.

Актерката Марија Каран неодамна му се вратила на поранешното момче Владан Балабан со кој пред неколку месеци помина низ прилично голем скандал кога во јавноста се појави информација и видео дека овој ИТ експерт физички ја нападна актерката.

Тогаш сите локални медиуми зборуваа за инцидентот во кој во една ноќ во Белград, Владан Балабан, наводно ја удрил Марија Каран во пределот на десната сстрана на лицето, а подоцна е откриено дека актерката исто така имала модринки и по нозете и колената поради што заврши во Ургентниот центар.

Парот очигледно реши да го заборави целиот инцидент за кој јавноста може само да се надева дека бил прв и единствен во нивната комплицирана, емотивна и кратка, но бурна љубовна приказна. Пријателите на актерка не се среќни поради нивното смирување. Марија не сакаше официјално да ги коментира сознанијата на медиумите, исто како што не даваше изјави ниту за време на инцидентот кој се случи пред пет месеци.

Владан Балабан уште во ноември остро ги негираше наводите дека насилството од негова страна некогаш било сторено, а неговиот адвокат тогаш објасни дека Балабан тогаш единствено морал да го брани својот имот кој во тој момент бил загрозен, нарекувајќи го Балабан угледен граѓанин кој воедно е и член на Управниот одбор на Сојузот на хокеари на лед во Србија. Марија Каран на сослушувањето тврдеше дека Владан не ја удрил и дека таа сама паднала.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голем пожар во фабрика во Волково

Следно

ВИДЕО: Јокиќ запиша 41 поен, Лејкерси останаа без плеј-оф

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian