МПЦ-ОА: Црковните теми и содржини да се остават на црковните дејци и авторитети

1 min read

Македонската православна црква – Охридска Архиепископја (МПЦ-ОА) ги отфрла изјавите дадени за бугарските медиуми со кои, како што се наведува, се проблематизира македонската историска наука и се оспорува континуитетот на МПЦ-ОА.

– Тврдењето дека нашата земја „е типичен пример каде што критичката анализа меѓу историјата и политиката се уште не се случила“ е – неприфатливо. При оваа прилика, кога истовремено се отвора и темата за устројството на Охридската Архиепископија – наследничката на Јустинијана Прима, истакнуваме дека црковните теми и содржини треба да се остават на црковните дејци и авторитети, стои во соопштението од канцеларијата на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.

Од Македонската православна црква – Охридска Архиепископја прашуваат по која основа некој ги обележува светителите.

– По која основа некој ги омеѓува светителите? Па тие, благодарение на својот богоугоден живот, дела и подвизи, им припаѓаат на оние народи коишто ги почитуваат! Затоа апелираме дека единствено во духот на Евангелието, само со меѓусебно почитување и признавање, може да се придонесе во градењето на довербата меѓу двата едноверни и со сите народи, се наведува во соопштението од МПЦ-ОА.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Филмот на Џон Малкович и Роберт Родригез е снимен во 2015, а ќе биде прикажан дури во 2115 година

Следно

ВИДЕО | Игор Џамбазов, Весна Петрушевска и децата актери со еко химна за важноста на грижата за животната средина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian