Младите се повеќе заминуваат од Македонија: Најнезадоволни се оние од руралните средини

2 mins read

На Пописот во 2002 година, лицата на возраст од 15 до 29 години сочинувале 23,8 отсто од вкупното население, а во 2021 година се за 5 отсто помалку.

Истражувањето на Младински образовен форум (МОФ) кое беше презентирано во декември 2021 година покажа дека оние млади кои живеат во мали населени места се најмалку задоволни од животниот стандард, како резултат на немањето рамномерен регионален развој.

– Младите кои живеат во рурални средини односно во помалку населените места, имаат значително помали можности за вработување, економски, образовни услови, културни и спортски активности. Очигледна е разликата во можностите и шансите што ги имат младите кои живеат во главниот град и дополнително она што го видовме според нашето истражување 56,8 проценти од младите сметат дека државата не придонесува за стандардот на младите во руралните средини, изјави за „Слободен печат“ Петар Барлаковски од МОФ.

За прекинот на студиите и заминувањето на добрите студенти од државаата, Барлаковски вели дека тоа е очигледно поради егзистенцијални прашања, најчесто за подобра работа или економска состојба заминуваат во западно-европските држави.

Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци вели дека државата мора да воведе политики кои спефицично и исклучиво ќе ги таргетираат младите.

– Пример за ваква политика е предлогот за бесплатен јавен автобуски и железнички превоз за сите средношколци даден од Сојузот. Вакви системи имаат Холандија и Шкотска. За да се спречи иселувањето на младите, државата мора да инвестира во поквалитетно образование, да ја зголеми динамичноста на економијата, да го подобри квалитетот на услугите што ги дава и конечно законското слово да се почитува и во пракса, а не да стои како стерилна црна линија на хартија, изјави Павиќевиќ за „Слободен печат“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Куман ќе биде новиот холандски селектор по завршувањето на Мундијалот

Следно

Учениците од оваа година ќе може да се запишуваат електронски во средните училишта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian