Кој треба да прими втора бустер доза вакцина против ковид-19?

1 min read

Во САД пред неколку дена е одобрена втора бустер доза за луѓе постари од 50 години.

Кој и кога треба да ја прими оваа доза?

Според американската Администрација за храна и лекови (ФДА), оваа доза би требало да ја примат лицата постари од 50 години, најрано четири месеци по примањето на првата бустер доза. Таа исто така се препорачува за имунокомпромитираните лица постари од 12 години.

Оние кои како прва доза и прв бустер ја примиле вакцината „Џонсон и Џонсон“, сега можат да примаат „Фајзер“ или „Модерна“.

Истражувањата покажале дека нивото на антитела опаѓа како што одминуваат месеците, особено кај постарите лица со слаб имунолошки систем. Поради тоа, важно е да се знае кога е време за втората бустер доза, но исто така е важно да не се прима прерано, бидејќи тоа ја намалува ефикасноста.

Што се однесува до другите луѓе, кои во моментот не спаѓаат во групите кои би требало да ја примат втората бустер доза, можно е наесен и тие да бидат вклучени во листата, доколку бројот на заболени продолжи да расте, пишува Си-ен-ен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нацев во посета на Воениот музеј во Букурешт: Не било така лесно да се фалсификува историјата, тие со брусалиците ќе тргаат ли наваму?! (ФОТО)

Следно

КК МЗТ Скопје: Завршниот турнир во АБА2 лигата ќе биде од хуманитарен карактер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian