КК МЗТ Скопје: Завршниот турнир во АБА2 лигата ќе биде од хуманитарен карактер

2 mins read

Како што е најавено, завршниот турнир од АБА2 лигата (13-17 април 2022 год.) ќе има хуманитарен карактер, што значи дека продажбата на карти за сите средби ќе оди преку фондацијата „Марко Божиновски“, која потоа ќе ги пренасочи собраните средства онаму каде што е најпотребно.

На тој начин КК МЗТ Скопје, заедно со општина Аеродром, уште еднаш ќе му оддадат почит на својот голем навивач и кадетски и јуниорски ракометен репрезентативец на Македонија, кој неочекувано почина пред 10 месеци.

Планирано е да има блок билет, кој ќе чини 300 денари кој важи за целиот турнир, како и поединечен билет за секој натпревар по цена од 100 денари. Цените се симболични, но доволни од целиот турнир да се собере солидна вкупна сума, која и тоа како ќе биде помош за тие на кои им е неопходно, а на кои ќе им биде пренасочена од луѓето од фондацијата „Марко Божиновски“.

Продажбата на билетите почнува в четврток (7 април), а ќе може да се купат преку интернет-сајтот www.mktickets.mk, преку продажните места на МК Тикетс во Скопје и низ целата Македонија, како и на билетарата пред спортскиот центар „Јане Сандански“.

– Целта на МЗТ Скопје Аеродром е триумф и пласман во Адмирал бет АБА1 лигата, за што, секако, ни е потребна вашата помош. Затоа, дојдете на трибините и во исто време со френетична поддршка помогнете им на нашите кошаркари, а со купување на билет(и) да им помогнете на тие што таа им е најнеопходна – информираат од клубот.

МЗТ во четвртфиналето на 13 април во СЦ „Јане Сандански“ ќе игра против Сутјеска Никшиќ од Црна Гора. Целиот распоред на натпревари ТУКА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кој треба да прими втора бустер доза вакцина против ковид-19?

Следно

Ако сте купиле чоколади „Киндер“, не јадете ги – „Фереро“ повлекува производи поради сомневање за салмонела

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian