Казнети 99 возачи поради непропуштање пешаци на пешачки премин

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.04.2022) во периодот од 12.00 до 17.00 часот на територијата на Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

При контролата санкционирани се 99 возачи. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли.

-Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Шиковска: Ромите треба да се интегрираат во големите партии за полесно да се изборат за своите права

Следно

Селена Гомез за биполарното растројство: Четири години без социјалните мрежи, а сега се враќа со нова мисија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian