Иселувањето ги празни училиштата во Албанија

1 min read

Според податоците објавени од Институтот за статистка (ИНСТАТ), во тековната 2021/2022 учебна година, во Албанија запишани се 12 илјади основци и средношколци помалку, споредено со минатата учебна година.  

-Масовното иселување секоја година дава негативен ефект во однос на бројот на ученици кои седат во училишните клупи. Само во предуниверзитетскиот систем има 12 илјади ученици  помалку, од нив околу 8 илјади во основното обрзование. Во средно образование бројот на учениците е намален за 4,2 отсто, во однос на минатата учебна година, наведува ИНСТАТ. 

Во однос на првите три години на факултет, има 1.500 помалку млади луѓе кои сакаат да студираат во споредба со претходната година. 

Но, констатирано е дека има зголемување за 2.100 уписи за магистерски програми, додека значително намалување има кај докторските програми, каде што има околу 1.500 уписи помалку. 

Официјалните извештаи покажуваат дека во последните 5 години има 74.723 помалку уписи на ученици и студенти. 

Во меѓувреме, како и минатата година, најпосакувана област од студентите е онаа од бизнисот, администрацијата и правото, каде што е концентрирана четвртина од вкупниот број студенти. 

Зголемување на бројот на студенти е забележан кај медицинските и инженерски програми, поради фактот што процентот на младте ко сакаат да ја напуштат земјата е се пооглем а токму овие програми се најбарани во странство. 

Најмалку посакувани програми се земјоделството, шумарството, рибарството и ветеринарството каде се запишани само 2,2 отсто од вкупниот број студенти, како и уметностите и хуманитарните науки.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведен крадец во Скопје баран по потерница

Следно

„Удобен живот“: Кристијано Роналдо троши над 100 илјади евра месечно за Георгина и децата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian