Институциите не го почитуваат и го игнорираат Народниот правобранител, се жали Зибери

1 min read

Народниот правобранител Насер Зибери, вечерва во „Топ Тема“ на ТВ Телма, откри дека многу помал е бројот на државни институции со кои Омбдусманот има соработка која може да се нарече одлична.

„Кај некооперативните е поголема конкуренцијата“, иронично рече Зибери, пред да додаде дека неговата канцеларија направила анализа за тоа како соработуваат органите на управата и другите институции со Народниот правобранител, при што дошле до фрапантни резултати.

„Само една третина од институциите одговараат во законски предвидениот рок на обраќањата на Народниот правобранител. Околу една третина на институциите одговараат на нашите барања дури по неколкукратна ургеницја, дека го прекршуваат законот, дека ја попречуваат работата на Народниот правобранител, што претставува казнено дело. Околу 10 отсто воопшто не одговараат на обраќањата на Народниот правобранител. Меѓу органите кои послабо соработуваат има неколку министерства. Морам да ги издвојам Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски, за труд и социјална политкка, делови од МВР и Агенцијата за национална безбедност“, рече Зибери.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Отворен „Youseum“, првиот селфи музеј во Стокхолм

Следно

Мицкоски за спорот со Бугарија: Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме, а таму во Европа обезличени не се оди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian