Илон Маск повторно на врвот: Со повеќе од 100 милијарди долари пред Џеф Безос

1 min read

Извршниот директор на „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск, е еден од најбогатите луѓе во светот. Неговата нето вредност сега се проценува на околу 300 милијарди долари, според рангирањето на „Forbes“ во реално време на најбогатите луѓе во светот.

илон маск
Илон Маск / Фото: EPA-EFE/Patrick Pleul /

Тоа значи дека 50-годишниот Маск е со повеќе од 100 милијарди долари во предност пред вториот најбогат човек во светот, Џеф Безос, основачот на „Amazon“ и вселенскиот ривал на Маск, „Blue Origin“.

Илон Маск за 2,9 милијарди долари стана најголем акционер во Твитер

Маск кој од неодамна е и најновиот член на управниот одбор на „Twitter“, вреди двојно повеќе од богатството на легендарниот инвеститор и извршен директор на „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет, кој почнал да инвестира во 1941 година на свои 11 години. Богатството 91-годишниот Бафет сега изнесува „само“ околу 125 милијарди долари.

Илон Мас
Илон Маск/ Фото EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Дали Маск е љубител на спортот? Затоа што би можел да ги купи сите 32 тима од Националната фудбалска лига (во моментов вредни повеќе од 112 милијарди долари, според податоците на „Sportico“) и би му останале речиси 190 милијарди долари. Тој несомнено е најбогатиот човек досега.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Градот Скопје започна со реконструкција на патеките во Зоолошката градина

Следно

ВИДЕО: Да бидеш социјален ментор значи да овозможиш на едно ранливо лица да стане економски независно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian