Грковска писмено го укори Тупанчески за патувањето во Палермо

1 min read

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска до министерот за правда Никола Тупанчески доставила писмена опомена за непочитување на член 12 и член 17 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата, одговорија од Кабинетот на министерката за Фокус.

Во членот 12 се наведува дека јавните функционери не треба да бидат во ситуација на судир меѓу јавниот и приватниот интерес, додека член 17 на функционерите им забранува примање подароци.

-Како лице задолжено од Владата за следење на спроведување на Кодексот, а врз основа на информациите и податоците што министерот Тупанчески ги достави, заменик-претседателката Грковска констатира дека не е постапено согласно одредбите пропишани во Кодексот, при што меѓудругото, укажува дека согласно член 9 од Кодексот, носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција, велат од Кабинетот.

Министерот Тупанчески прво тврдеше дека самиот си ги платил билетите за натпреварот и авионското патување на натпреварот Италија-Македонија, а потоа призна дека сепак платил само за хотелското сместување, додека авионскиот билет со чартерот на ФФМ и билетот за натпреварот ги добил гратис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тажен крај на една убава традиција: УЕФА ја прекина соработката со „Панини“!

Следно

УМС денеска слави 31 години од постоењето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian