Градот Скопје започна со реконструкција на патеките во Зоолошката градина

1 min read

Екипите на ЈП “Улици и патишта” по налог на Град Скопје, денеска започнаа со реконструкција на дел на патеките во Зоолошката градина – Скопје.

Денеска екипите од ЈП „Улици и Патишта“ започнаа со отстранување на оштетените бекатон плочки, по што ќе следи асфалтирање и реконструкција на површина од околу 200 метри квадратни. 

Во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје, ќе продолжи со спроведување низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови за посетителите на скопската зоолошка градина.
 

skopjeinfo.mk

Претходно

Неделков: Жестоки притисоци врз вработените во градинките, ги заплашуваат со откази поради штрајкот

Следно

Илон Маск повторно на врвот: Со повеќе од 100 милијарди долари пред Џеф Безос

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian