Фон дер Лајен пристигна во Софија

1 min read

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вечерва допатува во Софија по повод претстојната презентација на оценката на Европската комисија за Националниот план за обнова и одржливост на Бугарија.

Фон дер Лајен беше пречекана од Цветан Ќуланов, вршител на должноста шеф на претставништвото на Европската комисија во Бугарија и Лена Бориславова, шеф на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков.

Бугарија и Холандија останаа последните две земји кои до крајот на јули минатата година не ги доставија своите планови на расправа до Европската комисија. Истовремено, Бугарија четири пати побара одложување на оценувањето по нејзиното официјално поднесување во средината на октомври минатата година.

Последниот требаше да истече на 15 април. За планот да добие зелено светло и Бугарија да може да има корист од средствата наведени во него, тој треба да биде одобрен од Советот на ЕУ, што веројатно ќе трае околу еден месец.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски за спорот со Бугарија: Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме, а таму во Европа обезличени не се оди

Следно

ВИДEO | Бојкот на брендот: Збеснати богати Русинки сечат Шанел ташни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian