Бизарна љубовна приказна: Се сакале повеќе од сѐ, а ги разделила тешката болест

7 mins read

Љубовната приказна на еден од најпознатите претседателски парови на сите времиња, Роналд и Ненси Реган, важи за една од најубавите приказни, а за нивната голема љубов сведочат и бројните писма кои ги разменувале низ годините, пишува „Стил“.

Авторката на биографијата „The Triumph of Nancy Reagan“ откри непознати и малку бизарни детали за нивната љубов. Како што пишува во биографијата, тие си биле најважни еден на друг, дури поважни и од сопствените деца. Често ги запоставувале децата, а тоа оставило трага на нив. И токму овој бизарен однос, како и дисфункционалното семејство, е темелот на нивната епска љубовна приказна.

Најверојатно, причината поради која Ненси толку се поврзала со својот сопруг датира од нејзиното детство – идната прва дама на САД пораснала речиси без мајка. Имено, додека нејзината мајка, актерката Едит Дејвис барала актерски ангажмани, ја оставала малечката Ненси со дадилката, но и со вујкото на девојчето. Откако мајка ѝ се премажила за неврохирургот Лојал Дејвис, кој ја прифатил Ненси како своја ќерка, семејството се преселило во Чикаго.

Бидејќи крушата паѓа под круша, и самата Ненси почнала да се занимавала со актерство во театар. За да ги оствари своите соништа, младата девојка се преселила во Њујорк, а улогите ги добивала благодарение на познанствата на нејзината мајка. На почетокот од 1949 година, ја исконтактирале од „MGM“ и ѝ понудиле пробно снимања. Оваа понуда се случила благодарение на актерот Спенсер Трејси, кој ѝ направил услуга на нејзината мајка. Бидејќи покажала голем талент за снимањето, Ненси добила седумгодишен договор со месечна плата од 250 долари.

Фот: EPA

На едно од снимањата го запознала Роналд Реган и тогаш се родила големата љубов која им ги одбележала животите. Иако веднаш се родила хемија меѓу нив, нивниот однос станал озбилен дури неколку месеци подоцна. Роналд и Ненси стапиле во брак во 1952 година, а останале заедно сѐ до смртта на Роналд во 2004 година.

За време на бракот, тие станале родители на две деца – ќерката Пати им се родила во 1952 година, а синот Рон го добиле шест години подоцна. Покрај нив, Роналд имал уште три деца од претходниот брак со актерката Џејн. Според многумина, нивниот однос бил бизарен, иако имале големо семејство.

Како што пишува во биографијата, Ненси го познавала Реган подобро од сите.

„Кога таа била незадоволна поради нешто, сите во Западното крило го знаеле тоа, а оние кои не ѝ биле многу симпатични, не останувале долго на работните позиции“, се наведува во биографијата.

Фото: EPA

Тоа што ги воодушевувало сите бил интензитетот на љубовта која ја чувствувале и по долги години брачен живот, па сите сакале да ја дознаат тајната на нивната совршена врска. Како сето тоа изгледало подалеку од очите на љубопитната јавност, најдобро опишува писмото кое Реган ѝ го испратил на својата сакана сопруга на 24 мај 1963 година. Во преписката разговараат за проблемите кои ги имале со децата – Мајкл, синот на Роналд од првиот брак, и Пати, ќерката која ја добил со Ненси.

„Сосема е неважно дали Мајк ќе го купи својот прв автомобил или ќе ги потроши парите на облека. Тоа што и двајцата го сакаме е тој конечно да тргне по вистинскиот пат и да почне самиот да се издржува… (Пати ме загрижува поради други работи, но ќе се обидеме да го решиме тој проблем на најдобар начин)… Но, најмногу ме загрижува тоа дека, иако сме ги исполниле обврските кон децата, не сме биле внимателни во друга работа – во тоа што си претставуваме еден на друг“, пишува во писмото на Роналд.

Односот со децата им станувал сѐ полош, па затоа Пати одбила да даде каква било убава изјава за биографијата на мајка ѝ, тврдејќи дека ја тепала, но и дека била зависна од апчиња. Тоа го потврдил и нивниот син Рон, кој изјавил дека не било воопшто лесно да се расте со неа.

„Таа беше прилично вознемирена, особено кога татко ми беше на пат. Никогаш не знаевме која од нејзините личности ќе биде присутна тој ден, па секогаш моравме да бидеме внимателни“, изјавил Рон.

Фото: EPA/KARL MATHIS

Меѓутоа, со текот на времето, Пати ѝ простила на нејзината покојна мајка, но таа сѐ уште не е подготвена јавно да зборува за неа.

Односот меѓу Мајкл и Ненси станал комплициран неколку години пред да почине неговиот татко во 2004 година.

„Со текот на времето, односот меѓу Мајкл и Ненси станал толку лош, што Ненси се плашела од моментите кога останувала насамо со него. За тоа сведочел и фактот дека кога Мајкл доаѓал на гости, Тајната служба веднаш ставала агент во состојба на подготвеност.“

Ова го потврдил и неговиот полубрат, Рон.

„Тајната служба беше многу загрижена за Мајк, особено по инцидентот кога тој ѝ се развика на мајка ми и ѝ рече дека ќе биде подобро да е мртва“, рекол Рон.

Фото: EPA

Сепак, бракот, кој траел шест децении, не ги заобиколил предизвиците. Според авторката на биографијата, откако претседателот за малку ќе умрел во обидот за атентат во 1981 година, првата дама станала опседната со тоа да ја осигура безбедноста на својот сопруг. Тоа отишло дотаму што таа го принудувала да носи панцир, што тој често го одбивал. Исто така, таа побарала од него да не ѝ се обраќа на јавноста на отворено.

Дефинитивно, тој обид за атентат ја скршил Ненси – таа постојано плачела која тој не ѝ бил во близина, нешто што понекогаш траело и по неколку месеци.

Но, она што им било најтешко биле последните месеци од животот на Роналд, кои ги поминал заробен во сопственото тело поради последиците од Алцхајмеровата болест. Неговата смрт во 2004 година целосно ја скршила Ненси и таа никогаш не ја преболела оваа загуба. Сѐ до нејзината смрт во 2016 година, Ненси спиела со негова фотографија.

Фото: EPA/KEVORK DJANSEZIAN

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СДСМ реагира на говорот на Мицкоски: Ист е како Груевски, не може да донесе промени

Следно

Разговор со Ангел Петрушев: Второто место на Илинденскиот-кајак слалом е добар пласман што секој го посакува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian