Зголемена сообраќајната безбедност на улиците Јустинијан Први и Народни Херои

1 min read

По барање на граѓаните, екипите на ЈП “Улици и патишта”- Скопје по налог на Град Скопје, во текот на изминативе денови ги поставија новите платоа за намалување на брзината на движење на возилата на две улици во општина Кисела Вода.

На улица Јустинијан Први во близина на ОУ „Климент Охридски” и на улица Народни Херои во близина на ОУ „Кирил Пејчиновиќ”, екипите ги зголемија двојно платоата, односно пoставија по уште еден пар од двете страни на коловозот со цел зголемување на безбедноста на учениците и на пешаците во овој дел на градот.

Обновувањето на сообраќајната опрема продолжува на сите сообраќајници каде што ќе има потреба за да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, порачаа надлежните. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Миле Јанакиески осуден на затворска казна во случајот „Топлик“

Следно

Што ни носи планетарниот поредок во април: Емоции и бурна страст, но и многу драми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian