ВИДЕО | Теа Трајковска „гори“ во новата крими-приказна!

1 min read

Црн џип, замаглени стакла, киднапирано момче во багажник, лента на уста и врзани раце се дел од крими-приказната на познатата пејачка Теа Трајковска.

За среќа, ова се само кадри од видеоспотот за новата песна со наслов „Гори“.

Фото: Промо

Ова е нејзиното најново музичко остварување, а како за претходните песни, така и за ова, таа се потпишува како автор на текстот, додека пак, музиката и аранжманот се дело на нејзиниот долгогодишен соработник, познатиот продуцент Лазар Цветкоски.

Теа за првпат соработуваше со младиот и талентиран режисер Горан Симјаноски, а покрај Трајковска, улоги во спотот имаат и Роберта Цветковска (соучесник на Теа) и Филип Самарџиев (жртва).

Фото: Промо

– „Гори“ е еден од моите најдраги проекти и песна во која многу верувам и ја сакам уште од денот кога имаше само една строфа, а рефренот го направивме цела година подоцна. Мислам дека со спотот одлично го доловивме „вајбот“ и енергијата на песната, а најзадоволна сум затоа што успеавме да направиме стилска промена со Лазе и покрај седум години работење заедно и многу песни позади нас – вели Теа.

Теа не запира тука, веќе работи на следниот музички проект.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Турските командоси бараат мини

Следно

Проблеми во Јунајтед, фудбалерите не го сакаат Тен Хаг за тренер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian