ВИДЕО | Харков се бори и живее: Свадба среде урнатините

1 min read

Еден украински пар ја прослави својата венчавка позирајќи за фотографии во урнатините на вториот по големина град во земјата, Харков, пренесува „Daily Mail“.

Младенците Настја Грачева и Антон Соколов беа фотографирани меѓу урнатините на трговски и канцелариски комплекс, набргу откако се венчаа во неделата.

И двајцатa работеле како болничари пред избувнувањето на војната, но оттогаш станаа волонтери, обезбедувајќи бесплатна медицинска нега на оние на кои им е потребна. Настја работела како медицинска сестра во клиника за онкологија, додека Антон Соколов работел како лекар пред руската инвазија на Украина.

Се известува дека кога останале без медицински материјали, почнале да собираат пари и да купуваат лекови за жителите на градот кои имале потреба од лекување.

ВИДЕО | Девојчето од Украина кое го трогна светот ја воодушеви публиката во Велс: Слушнете како звучи

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Доктор Џеј му симнува капа на центарот на Денвер: Ембид е мој човек, но Јокиќ е МВП

Следно

Де Брујне го проби бункерот на Атлетико, Ливерпул со една нога во полуфиналето во ЛШ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian