Укинато правилото на Кастро кое беше на сила повеќе од 60 години: Професионалниот бокс се враќа во Куба

3 mins read

За прв пат по 1962 година, кубанските боксери ќе можат да учествуваат во професионални мечеви со што е урнато правилото воведено од поранешниот комунистички лидер Фидел Кастро.

Кастро само три години во кубанската револуција и доаѓањето на власт во 1962 година, донесе уредба со која им се забранува на кубанските боксери да учествуваат во професионални бокс мечеви сметајќи дека тој е нехуман и непринципиел, но, од следниот месец оваа забрана претставува да важи и прва приредба на која ќе учествуваат кубански боксери ќе се одржи во Мексико под покровителство на „Голден рингс промоушн“.

На овој настан ќе настапат шест боксери од Куба и ќе настапат во мечеви на шест рунди.

– Шест боксери од Куба ќе бидат дел од приредбата во Мексико и ќе учествуваат на најмалку четири приредби на кои ќе боксуваат во мечеви на шест рунди. Верувам дека тие веднаш ќе бидат вметнати на ранг-листите на четирите боксерски организации – изјави Херардо Салдивар, претседател на „Голден ринг промоушн“.

Задоволство од ваквата одлука на кубанската влада искажа и претседателот на кубанската боксерска федерација, Алберто Пуч.

– Повеќе од три години работевме на договор кој е компатибилен со филозофијата на кубанскиот спорт, а кој дозволува влез на кубански боксери во професионалниот бокс. Во првата фаза ќе вклучиме 5-6 боксери кои ќе заминат во Европа или во Мексико и САД, а потоа ќе се вратат во Куба – изјави Пуч.

Кубанската боксерска школа се смета за најдобра во аматерскиот бокс со освоени повеќе од 80 златни медали на Светските првенства и 41 олимписко злато.
Ваквата одлука ја поздрави и двократниот олимписки шампион Хулио Сезар Ла Круз.

– Учеството во професионалните лиги ќе го подобри нашиот квалитет бидејќи боксерите ќе боксуваат со елитни противници и тоа ќе ни овозможи да останеме во елитата – рече Ла Круз.

Поради одлуката на Кастро да забрани боксерите од оваа земја да учествуваат во професионални мечеви, светот на боксот остана покус за мечот помеѓу можеби двајцата најдобри боксери во историјата, Кубанецот Теофило Стивенсон и Мухамед Али од САД.

Подоцна Кастро ја промени одлуката и му дозволи да Стивенсон да одработи професионален бокс меч против Џо Фрејзер, но под еден услов, Теофило да остане аматер и парите да одат на сметка на кубанската боксерска федерација. Сепак на крајот не дојде до договор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кои болести ги наследуваме од родителите?

Следно

„Слободен печат“: Премиерот Ковачевски ги предупреди амбасадорите на ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian