Турските командоси бараат мини

1 min read

Турската морнарица ги засили превентивните активности за откривање и расчистување на потенцијалните пловечки мини во морето во контекст на руската инвазија на Украина, пишува „Дејли Сабах“, повикувајќи се на турското Министерство за национална одбрана.

Во соопштението на Министерството се наведува дека поморски патролни авиони, хеликоптери, беспилотни летала и патролни бродови биле распоредени за да се деактивираат сите пловечки мини. Крајбрежните минофрлачи играат важна улога во напорите за лоцирање и расчистување на потенцијалните поморски мини, додека персоналот на Единицата за подводна одбрана на турската армија (САС) има задача за натамошно отстранување, се вели во видео-изјавата на Министерството.

Ако се најде мина, командосите на САС нуркаат под вода за да ја исчистат откако ќе го обезбедат периметарот. Неодамна, турските сили деактивираа поморска мина што пловеше во Босфорот, откако неколку дена претходно Русија издаде предупредувања за мини што пловат во Црното Море.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Димитровски: Раководството на Шилегов и СДСМ го заглавиле ЈП Лајка во долг од над 10 милиони денари

Следно

ВИДЕО | Теа Трајковска „гори“ во новата крими-приказна!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian