Стејт департмент : САД ги поздравува изборните резултати, Србија се придружи на демократиите во светот

1 min read

Соединетите Американски Држави го поздравиja исходот од изборите во Србија, со оценка дека Србија им се придружи на демократиите во целиот свет во осудата на руската војна во Украина, се наведува во одговорот на Стејт департментот за „Гласот на Америка“ .

Констатирано е дека САД се задоволни што повеќе кандидати и партии на претседателските, парламентарните и локалните избори, кои го поддржуваат пристапувањето на Србија во Европската унија, добиле значителна поддршка на изборите, што според Стејт департментот е јасна поддршка за стратешките приоритети на Србија.

Исто така како што пренесува Гласот на Америка, беше посочено дека САД се согласуваат со прелиминарните заклучоци на набљудувачката мисија на ОБСЕ дека гласањето во целина било мирно и дека во голема мера биле почитувани основните слободи и права.

„ Ја споделуваме загриженоста на мисијата за комбинираното влијание на нееднаков пристап до медиумите, неоправданиот притисок врз вработените во јавниот сектор за поддршка на службениците, значителните финансиски нееднаквости и злоупотребата на државните ресурси што резултираа со нееднакви услови за учесниците“ – соопшти Стејт департментот.

Во исто време Вашингтон ги повикуваат властите во Белград да ги решат недостатоците што ги утврди мисијата на ОБСЕ, да го поддржат патот на Србија кон ЕУ и со нетрпение очекуваат да се продолжи со напорите за градење продуктивни односи меѓу САД и Србија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Владата закажа седница, ќе се одлучува и за протоколот за згрижување и сместување на лица од Украина

Следно

ФОТО | Почина големата модна икона: Ја загуби битката со ракот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian