„Слободен печат“: Премиерот Ковачевски ги предупреди амбасадорите на ЕУ

4 mins read

Во печатеното издание на „Слободен печат“ можете да прочитате:

 

Хроника

Премиерот Ковачевски ги предупреди амбасадорите на ЕУ: Ако не го искористиме моментот, други ќе го злоупотребат

– Од Стејт департментот велат дека сега е време да се даде приоритет на мирот и безбедноста на Западен Балкан и дека ги поздравуваат напорите на владите на РС Македонија и на Бугарија за решавање на отворените прашања, со цел до крајот на француското претседателство со ЕУ да се тргне бугарското вето за македонските преговори за членство.

 

Пациент со мозочен удар три и пол години земал боледувањe: Зошто пациентот не бил испратен на комисија за инвалидска пензија? Ж

При рутинска проверка, Фондот за здравство утврдил пропусти во системот во кој се вклучени специјалисти, матични лекари и комисии за продолжување на отсуствата на работа. Имало случаи кога боледувањето трае и по една година и подолго за пациенти со многу операции, но не се памети некому три и пол години да му биде продолжувано боледувањето без да биде препратен на комисија при ПИОМ.

 

Економија

Дарко Димовски, претседател на ССМ: Платите во јавниот сектор линеарно да се покачат за 2.800 денари

– Секојдневно гранковите синдикати најавуваат штрајкови и протести. Од една страна се постигна договор за минималните плати, а од друга страна гранковите синдикати и други синдикати најавуваат протести со други барања.

 

Производителите се мачат да најдат суровина, купувачите немилосрдно купуваат: Маслото за јадење или го нема или е со изгор цена

Пред година и пол цената на суровото масло за јадење беше 610 до 620 евра за тон, сега веќе се 2.340 евра за тон, но нема изгледи за нејзино брзо стабилизирање, вели Симон Наумоски, директор на „Витаминка“

  

Свет

Во Србија неизвесна изборна битка за главниот град: Напредњаците очекуваат тесно мнозинство во Белград, опозицијата бара прегласувања

– Првичните резултати од изборите во Белград укажуваат дека напредњаците и социјалистите освоиле вкупно 56 одборнички места, токму колку што е потребното мнозинство за формирање градска власт, но опозицијата укажува дека резултатите не се конечни и дека евентуалното прегласување може значително да го промени односот на силите

 

Скопје

План за енергетска ефикасност на Град Скопје за 2022 година: Со фотоволтаици на објекти, Градот ќе штеди електрична енергија

– Според градоначалничката Данела Арсовска, големи се придобивките од транзиција кон енергетски ефикасни објекти, па поради тоа, како што рече, Градот одлучно се залага да го оствари овој проект, со имплементација на фотоволтаични системи и воведување иновативни системи за обновливи извори на енергија.

 

Мозаик

Што прават денеска: Калина Малеска, професорка и писателка

Во текот на денот гледам понекогаш да им се јавам или да им пишам порака на луѓето што ми се драги, иако, и да не стигнам, мислам на нив. Ако успеам навечер да излезам во некој убав микросвет, супер. Ако не, тогаш или гледам некој документарец – некако во последно време почесто гледам документарни отколку играни филмови – или работам на компјутер: читам и пишувам, вели Малеска.

 

Еспресо

Искрено со Ламбе Алабаковски: ,,Каменот си тежи на местото“ така и ние тежнееме за тука

– Ламбе Алабаковски во Македонија е од лани летото. Одлучил да се врати повторно дома заедно со целото семејство и пак да ѝ се врати на музиката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Укинато правилото на Кастро кое беше на сила повеќе од 60 години: Професионалниот бокс се враќа во Куба

Следно

Од 36-та седница на Владата: Донесен годишниот план за набавки во областа на одбраната и безбедноста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian