Што ни носи планетарниот поредок во април: Емоции и бурна страст, но и многу драми

3 mins read

Сега не е време за потиснување на емоциите, велат астролозите. Покажете им на своите најблиски јасно и отворено колку ви значат. Ослободете се од сенките на минатото, не се враќајте на старите проблеми, гледајте напред и сè ќе оди во вистинска насока, пренесува „Атма“…

Астролозите ги откриваат најважните аспекти на планетите во април и како тоа ќе влијае на нашата судбина, планови и различни полиња на животот.

Голем неделен хороскоп (04 април – 10 април): Близнаците ќе бидат успешни во проектите, а Стрелците ќе имаат голем прилив на пари

Венера влегува во знакот Риби

Венера влегува во знакот Риби на 5 април и тоа посебно ќе влијае на емотивните односи. Сексуалноста и интимноста ќе се зголемат, а во исто време ќе бидеме многу поемотивни. Важно е во овој период да се фокусираме на сè што ни се допаѓа кај нашите сакани (не само на она што ни пречи) и тоа да го изразиме.

Меркур влегува во знакот Бик

Во недела на 10 април, Меркур, планетата на комуникацијата, влегува во земниот знак Бик. Астролозите истакнуваат дека за време на овој аспект најважно е да не ги потиснувате емоциите, како и јасно и отворено да им покажете на вашите најблиски колку ви значат. Ослободете се од сенките на минатото, не се враќајте на старите проблеми, гледајте напред и сè ќе оди во вистинска насока.

Голем планетарен собир во знакот Риби: Особено поволен период за некои хороскопски знаци

Марс влегува во знакот Риби

Кога Марс ќе влезе во знакот Риби на 14 април, вашите чувства ќе бидат поимпулсивни. Ќе се чувствувате како да имате крилја, но внимавајте да не правите некои работи непромислено. Ве очекуваат многу задоволства.

Полната месечина во Вага

Полната месечина во април ќе се појави на небото на 16-ти април и истата ќе влезе во знакот Вага. Можни се драми на љубовно поле. Внимателно избирајте ги зборовите пред вашиот партнер. Обидете се да останете смирени, трпеливи и да најдете рамнотежа. Хармонијата во врската не се постигнува со кавга, туку само со мирна комуникација.

Сонцето со спојува со Хирон: Ќе ги излечи најдлабоките рани

На крајот на април Меркур ќе премине во Близнаци

Кога Меркур ќе влезе во знакот Близнаци на 29 април, ќе бидете исклучително комуникативни и друштвени. Ќе сакате да поминувате повеќе време во друштво, да запознавате нови луѓе и да споделувате искуства. Затоа искористете го овој ден за да излезете и добро да се забавувате.

Истиот ден нè очекува ретрограден Плутон кој со себе ќе донесе вистинска трансформација. Нè очекуваат многу промени и отварање на нови животни патеки.

Во сабота на 30 април, затемнувањето на Сонцето во Бик може да донесе брзи и изненадувачки промени. Најдете време за себеси и обидете се да се изолирате од негативните вести и хаотичното секојдневие. Исполнете некои потреби и желби лично за себеси.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зголемена сообраќајната безбедност на улиците Јустинијан Први и Народни Херои

Следно

Џабе Клоп има Португалец во тимот: Дијаз 10 минути ми зборуваше за Бенфика, ништо не го разбрав

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian