Русија ја повлече тужбата против ФИФА и дефинитивно се откажа од настап на СП во Катар

1 min read

Фудбалската федерација на Русија (РФС) ја повлече жалбата на одлуката на Светската фудбалска федерација (ФИФА) да и забрани на „зборнаја“ да учествува на меѓународни натпреварувања, и со тоа прифати дека нема да има можност да настапи на Светското првенство во Катар, објави Судот за спортска арбитража.

ФИФА поради руската воена инвазија врз Украина, во февруари ја суспендира Русија од сите натпреварувања под нејзина капа, а потоа истото го направи и Европската фудбалска федерација.

Суспензијата, исто така значеше и дека руската репрезентација нема да игра во бараж натпреварите за пласман на Мундијалот во Катар. Русија требаше да игра со Полска во полуфиналето од баражот за пласман на СП, но по одлуката за суспензија, селекцијата предводена од Роберт Левандовски обезбеди пласман во финалето каде ја победи Шведска и го завери учеството на СП.

РФС веднаш најави жалба на одлуката на ФИФА, а денеска ја повлече истата од Судот за спортска арбитража.

РФС не се откажува од жалбата против УЕФА во надеж дека и ќе биде дозволено на женската репрезентација да настапи на Европското првенство што од 6 до 31 јуни ќе се игра во Англија.

Судот за спортска арбитржа потврди дека поголем број на руски спортски федерации поднесоа жалби на одлуките на меѓународните федерации да ги исклучат од натпреварувањата по руската воена инвазија врз Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поради нив сѐ уште веруваме во магија: Познати парови чии љубовни приказни се инспирација

Следно

Мојсоска: Нападот врз митот за Гоце Делчев е напад врз македонската нација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian