Рецепт нa Марсела Хазан: Најдобриот сос за тестенини на светот содржи само три состојки

2 mins read

Понекогаш наједноставните работи во животот ни носат најголема радост, па врз основа на тоа има целосна смисла дека „најдобриот светски сос за тестенини“ е направен од три едноставни состојки.

Италијанската готвачка Марсела Хазан открила од кои состојки се прави најубавиот сос за шпагети, а со нејзиното мислење се согласиле и новинарите од магазинот „Делиш“.

Поради брзото темпо на модерниот начин на живот, сè поголем број луѓе се одлучуваат за купување сосови во тегла. Според мислењето на легендарната Хазан, добар сос може да направите сами и тоа по помала цена, пренесува „Мирор“.

Марсела е родена во 1924 година во градот Чезенатико. Во Њујорк отворила училиште за готвење и напишала голем број книги за готвење.

Во „Основи на класичното италијанско готвење“ препорачала сосот од домати да се прави само од три состојки: конзервирани домати, кромид и путер. Ви кажавме дека е едноставно.

Овој рецепт го објавила во 1992 година и сè уште го почитуваат писателите за храна и го користат многу ценети готвачи во светот. Не е потребно сечкање. А, тестенините и сосот од домати се секогаш хит на семејната трпезариска маса.

Прецизните упатства на Марсела се да се стави половина главица излупен кромид во тенџере со путер и конзервирани домати и да се остави сето тоа да се динста 45 минути. Списанието „Делиш“ го прогласи овој сос од домати за најдобриот сос што можете да го направите дома.

Нејзиниот сопруг Виктор зборувал во интервјуа за нејзините ефикасни методи: „Марсела беше гениј кога станува збор за вкусот. Таа веднаш сфати како вкусот влијае врз јадењето. Таа се запраша: Зошто да се исечка кромид? Зошто пржење? Ќе ги соберам кромидот, доматот и путерот заедно и ќе заборавам на тоа.“

„Ниту една друга подготовка не е поуспешна во пружањето неверојатни задоволства на италијанската кујна од компетентно изготвениот сос со домати“, вели Марсела во нејзината книга.

Важно е да се напомене дека Италијанците се познати по едноставно готвење. Фокусот е на сосовите, а сосот од домати е најпопуларен во Италија.

Готвачката Марсела починала во 2013 година, но голем број љубители на храната сигурно ќе продолжат да ги подготвуваат нејзините рецепти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Муцунски: Започнуваме голема пролетна работна акција на територијата на Општина Аеродром

Следно

Вимблдон планира на Русите и на Белорусите да им забрани учество на турнирот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian