Поради нив сѐ уште веруваме во магија: Познати парови чии љубовни приказни се инспирација

4 mins read

Шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век биле навистина неверојатни етапи. Во тој период било активно хипи-движењето, се појавиле нови музички правци, модниот израз била поинаков од сите претходни, а жените сѐ повеќе го дигале својот глас и се бореле за своите права.

Тоа што е навистина посебно за седумдесеттите години се неверојатните љубовни приказни на познатите личности на кои и ден-денес им се восхитуваме.

Саша Чак и Силвестер Сталоне

Саша Чак и Силвестер Сталоне се запознале уште пред тој да стане светски познат по својата улога во филмот „Rocky“. Парот се венчал во 1974 година, а две години подоцна Сталоне се пробил во светот на актерството. Парот имал разни несогласувања поради кои се разделиле во 1985 година. И покрај тоа, тие биле неверојатен пар.

Одри Хепберн и Андреа Доти

Откако се развела од Мел Ферер во 1968 година, Одри Хепберн се заљубила во италијанскиот психијатар Андреа Доти. Се венчале во 1969 година, а во седумдесеттите години честопати биле видени како вљубено се шетаат низ улиците на Рим.

Бјанка и Мик Џегер

Во седумдесеттите години, Бјанка и Мик Џегер биле толку важни за медиумите, како што беа Анџелина Џоли и Бред Пит пред една деценија. Ниту еден пар во тој период не бил толку фотографиран како што биле тие двајца. Фотографиите од нивното венчавање денес се култни, секако, со причина – Бјанка и Мик изгледале прекрасно. За жал, парот се разделил по седум години брачен живот.

Присила и Елвис Присли

Присила и Елвис се запознале кога таа имала само 14 години, а тој бил десет години постар од неа. Нивната љубов траела сѐ додека таа не станала полнолетна, па Присила се омажила за него во 1967 година, кога наполнила 21 година. Биле еден од најпрепознатливите парови на крајот од шеесеттите години и почетокот на седумдесеттите години, но парот се развел во 1973 година.

Жаклин Кенеди и Аристотел Оназис

Кога стапила во брак со грчкиот тајкун Аристотел Оназис, сите во САД морале да се навикнат на новото презиме на првата дама на трагично загинатиот американски претседател. Џеки и Аристотел се венчале во 1968 година и биле препознатливи секаде каде што се појавувале, без разлика дали се работи за улиците на Њујорк или на грчките острови.

Линда и Пол Мекартни

Линда Мекартни била ултимативна рокенрол жена, особено на турнејата „Wings Over Europe“ во 1972 година. Линда и Пол биле во љубовна врска неколку години пред да стапат во брак во 1969 година. Биле во брак сѐ до смртта на Линда во 1998 година.

Џун Картер и Џони Кеш

Дефинитивно, овој пар ја има една од најромантичните приказни. Тие биле во љубовна врска веќе некое време кога Џони Кеш ја запросил Џун на сцена пред 7000 луѓе. Џун и Џони се венчале во 1968 година и биле заедно сѐ до крајот на нивниот живот во 2003 година, кога починаа и двајцата.

Јоко Оно и Џон Ленон

Не можеме да зборуваме за романсите од седумдесеттите години, без да ги спомнеме Џон Ленон и Јоко Оно. Дефинитивно, не постои човек кој не слушнал за нив двајца. Тие се венчале во 1969 година и биле заедно сѐ до трагичната смрт на Џон Ленон во 1980 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Клоси: Криминалот во Албанија е тесно поврзан со криминалните ситуации во соседните земји

Следно

Русија ја повлече тужбата против ФИФА и дефинитивно се откажа од настап на СП во Катар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian