Османи – Брегу: Што поскоро почеток на преговори за членство на РСМ во ЕУ

1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу при што разговарале за тековните прашања поврзани со европската интеграција на земјите од Западен Балкан, со посебен акцент на статусот на евроинтегративниото досие на Република Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, на средбата беше изразено очекувањето за што поскоро усвојување на преговарачката рамка за Северна Македонија и одржување на првата Меѓувладината конференција со која ќе се означи и почетокот на процесот на преговарање за членство во Европската Унија.

Во фокус на разговорите, се додава, беше регионалната соработка и активностите во рамките на Советот за регионална соработка – Економскиот инвестиционен план за Западен Балкан, социо – економската трансформација на регионот на Југоисточна Европа, Зелената агенда за Западен Балкан, и други теми кои придонесуваат за плодна и богата регионална соработка.

Соговорниците разменија мислења и за влијанието на руската инвазија на Украина врз процесот на заокружување на европската иднина на земјите од Западен Балкан и ефектите на војната врз регионалната соработка во нашиот регион и пошироко, стои во соопштението. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џабе Клоп има Португалец во тимот: Дијаз 10 минути ми зборуваше за Бенфика, ништо не го разбрав

Следно

Прогноза за цел месец април – еве какво време не очекува особено за велигденските празници, за некого ова е големо разочарување!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian