Луди факти за Дејвид Боуви: Беше фасциниран од нацистите, а урината ја чуваше во фрижидер

5 mins read

Дејвид Боуви беше уметник со многу лица, кој ја интригираше јавноста со својата музика, но и со својот приватен живот. Уште на самиот почеток на неговата кариера, тој се истакнал со необичната боја на гласот, но и со прекрасните очи кои имаа различна боја. Неговите сценски настапи, гардеробата и шминката биле авангарда која го издвоила од останатите алтернативни рок музичари, пишува „Стил“.

Боуви го следеле бројни контроверзии во текот на целата негова кариера, па затоа беше и остана голема енигма за обожавателите, но и за останатите музичари врз кои имал големо влијание.

Во продолжение, прочитајте неколку факти за Дејвид Боуви кои можеби не сте ги знаеле за него.

Ја чувал урината во фрижидер

По расправијата со гитаристот на Led Zeppelin, Џими Пејџ, Боуви се исплашил дека Џими, поради неговата фасцинација со окултното, би можел да повика мрачни духови, па затоа решил да ја чува урината во фрижидер за да може да ги истера лошите духови и да го сочува моралот.

Јоко Оно и сите останати

Боуви беше поетски гениј кој честопати користеше скриени пораки и лудачки метафори во своите песни, но неретко делуваше смотано во јавноста. Па така, не му беше замерено кога за време на 17. издание на наградите Греми им честитал на Џон Ленон и на Јоко Оно за тоа дека ја пронашле љубовта. Таа иста вечер, Боуви се качил на сцената и ѝ се обратил на публиката со „Дами и господа… и сите останати“. Подоцна, Боуви признал дека бил многу пијан за време на настанот и дека не се сеќавал на ништо.

Страст за долга коса

Младиот Боуви бил прилично страстен кога зборувал за својата долга коса. И тоа на само 17-годишна возраст. Тоа што е интересно е дека го основал Друштвото за спречување на суровоста кон долгокосите мажи.

Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Сексуална ориентација

Боуви беше човек кој сакаше да експериментира во музиката, но и во односите со луѓето во неговиот приватен живот. Го сакаа и мажите и жените, а ни тој не правеше разлика. Во седумдесеттите години на минатиот век, кога луѓето се залагале за сексуална слобода, Боуви го создал своето алтер его – Зиги Стардаст. За оние кои не знаат, Зиги Стардаст е андрогина, вонземска рок-ѕвезда која дошла на Земјата пред претстојната апокалиптична катастрофа за да пренесе порака на надеж. Во 1972 година, кога Боуви го создал овој измислен лик, музичарот се изјаснил како хомосексуалец. Четири години подоцна, во разговор за „Playboy“ изјавил „Вистина е! Јас сум бисексуалец. Тоа е најдобрата работа која ми се случила“.

Сакаше да се тепа

Ако се прашувавте зошто Боуви имаше зеници со различна големина, тоа е поради силен удар во главата во средно училиште. Имено, 15-годишниот Боуви се степал со Џорџ Андервуд бидејќи и двајцата биле вљубени во исто девојче.

Се забавуваше со мајката на Слеш

Овој интересен детаљ од приватниот живот на Дејвид Боуви го открил самиот Слеш, чија мајка работела како костимограф на Боуви. Според Слеш, Боуви почесто бил гол, отколку облечен во друштво на неговата мајка.

Фото: EPA/ATTILA KLEB HUNGARY OUT

Обожаваше да слика

Кон крајот на седумдесеттите години, Боуви престојувал во Берлин каде ја надминал зависноста од наркотици. Овој период од неговиот живот е навистина важен за неговиот уметнички развој бидејќи почнал да се занимава со сликарство. Во Берлин тој се запознал со личностите од електронската сцена и соработувал со Брајан Ено. Неговиот албум „Low“, првиот од „Berlin Trilogy“, најави нови трендови во техно музиката кои допрва доаѓаа, а овие елементи се забележливи и во албумот „Heroes“.

Дружењето со Деби Хари

Во својата автобиографија, пејачката на музичката група Blondie, Деби Хари напиша дека се запознала со Боуви и Иги Поп кога ѝ пришле и ѝ побарале кокаин.

Беше фасциниран од нацистите

Оваа прилично проблематична постапка може да се препише на консумирањето дрога во голема мера во седумдесеттите години, нешто што подоцна го искористи како аргумент кога се обиде да го оправда интервјуто во кое јавно го поздравил Хитлер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓилас: Опозицијата освои 70.000 гласови повеќе во Белград, имаме шанса за промени

Следно

Доктор Џеј му симнува капа на центарот на Денвер: Ембид е мој човек, но Јокиќ е МВП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian