Селекторот и капитен на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров обезбеди пласман во следната рунда во Лигата на Европа откако и во реваншот тој и неговиот тим беа подобри од Фуксе Берлин.
Нант во Берлин бранеше еден гол разлика (25:24) и успеа да ги одбрани славејќи со 33:30 за пласман во четвртфиналето каде ќе игра со подобриот од дуелот Спортинг Лисабон – Магдебург.
Одлучувачки момент кој го одлучи победникот беше во второто полувреме кога Нант од 45 до 52 минута постигна пет гола по ред и негативата од два гола ја претвори во предност од 25:27 и до крајот со рутинска игра дојде до нова победа.
Лазаров уште еднаш одигра одлично, постигна пет гола и имаше две асистенции, и беше втор стрелец во својот тим зад Монар кој даде еден гол повеќе.