Кралицата Елизабета Втора постепено се повлекува од своите должности: Ја остава монархијата во други раце

2 mins read

Иако британската кралицата Елизабета Втора сè уште одржува редовни неделни состаноци со британскиот премиер, е домаќин на дипломати и исполнува многу обврски договорени месеци однапред, сепак, со оглед на нејзините години, таа се повеќе се потпира на постарите членови на кралското семејство…

Наводно, 95-годишната кралица Елизабета Втора неодамна дел од своите обврски ги предала во „сигурни раце“ односно на своите наследници, а тие ја презеле и улогата да се појавуваат во име на кралското семејство.

кралица елизабета
Кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс / Фото: EPA-EFE/STR

И сега, кога официјално се преселила од Бакингемската палата во замокот Виндзор, таа решила дека повеќето состаноци ќе ги прави виртуелно, благодарение на модерната технологија, додека сè што не е толку важно, а сепак мора да се направи надвор од замокот, го прават постарите членови на кралското семејство.

На пример, до неодамна, кралицата лично доделуваше медали на церемонијата „Инвеститура“. Тоа е традиција од средниот век, според која на световните владетели им се доделуваат црковни служби, па тоа го зачувала и самата кралица, но сега тоа место неа го прават принцовите Чарлс и Вилијам и принцезата Ана.

Кралицата Елизабета Втора
Фото: Profimedia

Откако принцот Ендру остана без сите кралски титули поради обвинението за сексуално злоставување на малолетник, а принцот Хари и Меган Маркл се преселија во САД и исто така изгубија сè, кралицата наводно се потпира на добро позната група луѓе на кои најмногу им верува. Се разбира, меѓу нив се и принцот Чарлс и Камила, принцот Вилијам и Кејт и принцот Едвард и Софи.

Кога станува збор за патувањата, секогаш на располагање се принцот Чарлс и принцот Вилијам, со кои кралицата има средби и разговори секој ден, ако не во живо, тогаш по телефон.

И токму во нив лежи иднината на монархијата. Иако принцот Чарлс е нејзин директен наследник, бидејќи самиот тој веќе не е во цутот на младоста, веројатно се ќе биде на грбот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Словенија протера 33 руски дипломати

Следно

Клоси: Криминалот во Албанија е тесно поврзан со криминалните ситуации во соседните земји

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian