Кои болести ги наследуваме од родителите?

4 mins read

Крушата под круша паѓа, па сосема нормално е да ги наследиме физичките особини од родителите, но и дел од нивните болести. Најчеста наследна болест е високиот холестерол, нешто за што во целост можеме да ги „обвиниме“ нашите родители, тврди американскиот генетичар д-р Шивани Назарет, објави „24 сата“.

„Еден од 500 луѓе има генетска мутација која предизвикува фамилијарна хиперхолестеролемија – наследна срцева болест која може да предизвика срцев удар или мозочен удар“, вели Назарет, додавајќи дека семејната хиперхолестеролемија не може да го регулира холестеролот.

Според Назарет, дури ни ригорозна диета или вежбање не помагаат бидејќи во овој случај гените го направиле своето.

Семејство
Фото: Pexels/Vlada Karpovich

Додека двајцата родители се „виновни“ за високиот холестерол, ракот на дојката се наследува од таткото. Имено, секое човечко суштество е родено со гените BRCA1 и BRCA2 кои не создаваат здравствени проблеми додека не се мутираат. Но, жените кои наследиле мутација на еден или двата BRCA гени од нивниот татко имаат поголем ризик за развој на рак на дојка.

Д-р Назарет објасни дека овие гени не се опасни по здравјето на мажите бидејќи ракот на дојката е редок кај машката популација, додека истото не може да се каже за жените.

Фото: Pexels/Anna Tarazevich

Ако ја обвинувате машката страна од семејството за опаѓање на косата – одите во погрешен правец. Генот кој игра клучна улога во ќелавоста се наоѓа на Х-хромозомот, кој мажите секогаш го наследуваат од своите мајки, додека жените го наследуваат истиот ген од двајцата родители.

Фото: Pexels/Skitterphoto

Дијабетесот тип 2 најчесто е предизвикан од неуреден начин на живот, но истражувањата покажуваат дека дури 5 отсто од младите имаат знаци на болеста иако не се дебели и редовно вежбаат. И овде проблемот е во генетска мутација, па се работи за облик на дијабетес кој научниците го нарекоа MODY.

„Раната идентификација на пациентите со поттип MODY дијабетес е многу важна бидејќи им е потребна поинаква терапија која може да ја контролира болеста со години без компликации“, вели д-р Назарет.

Фото: Pexels/Artem Podrez

Но, доживотните компликации се јавуваат со нетолеранција на лактоза. Вродената нетолеранција на лактоза е ретка болест предизвикана од мутација на генот кој го произведува ензимот лактаза. Се манифестира со тешка водена дијареа која се јавува веднаш по првиот оброк со млеко (доење).

Загубата на хранливите материи е значителна, па новороденчето не напредува и се развива дехидрација, хипогликемија и ацидоза. По воведувањето на диета без лактоза, дијарејата престанува, детето добива тежина, растот и развојот се нормализираат. Состојбата е доживотна и бара постојана исхрана без лактоза.

Лактоза
Фото: Pexels/Denys Gromov

Тенденцијата за долги и силни главоболки придружени со гадење е наследна во дури 70 до 80 проценти од случаите, вели д-р Кејт Хенри од Универзитетот во Њујорк.

Околу 10 отсто од шансите се дека ќе наследите предиспозиција за депресија, откри американскиот Институт за ментално здравје. Експертите објаснуваат дека депресијата е само една од менталните болести што може да се наследат, заедно со биполарното растројство и шизофренијата.

Ако вашата мајка имала проблеми со срцето, и вие имате 20 проценти поголема веројатност да ги имате, покажаа четири одделни научни студии.

Фото: Pexels/cottonbro

Семејното стебло игра голема улога во наследувањето на болестите, предупредува Назарет. На овој начин можете да ги прегледате сите болести кои ги зафатиле членовите на вашето потесно и пошироко семејство и на тој начин да ги идентификувате генетските предиспозиции за одредени состојби. Сепак, некои болести можат да останат „скриени“ неколку генерации, па затоа е невозможно да се детектираат со овој метод.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Третоодделенците од ООУ „Јан Амос Коменски“ во посета на општина Карпош

Следно

Укинато правилото на Кастро кое беше на сила повеќе од 60 години: Професионалниот бокс се враќа во Куба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian