Клоси: Криминалот во Албанија е тесно поврзан со криминалните ситуации во соседните земји

1 min read

Поранешниот прв човек на албанската  разузнавачка служба и еден од најпознатите експерти од оваа област,  Фатос Клоси во интервју за Ора њуз рече дека криминалот во Албанија е тесно поврзан со криминалните ситуации во соседните земји, јави дописничката на МИА од Тирана.

Според него, полицијата е институција во најтешка позиција во земјата, бидејќи секојдневно се соочува со криминал. 

– Полицијата секојдневно се соочува со криминал. Криминалот во Албанија е тесно поврзан со криминалните ситуации во соседните земји. И таму Албанците се име. Не е нешто што постои само кај нас, туку и пошироко. Во денешно време криминалот напредува. Плановите ги прават криминалците, а полицијата мора да ги најде овие планови. Криминалот е секогаш чекор напред, вели Клоси.  

Тој оценува дека не е лесно да се борите против криминалот, зашто „тој има апсолутна слобода, ја знае ситуацијата дури и во полиција”. 

– Во Албанија нема соработка меѓу полицијата и институциите. Соработката со институциите во наше време беше многу позитивна. Обвинителството и полицијата работат за иста цел. Соработката меѓу нив е суштинска, вели Клоси. 

Нагласува дека полицијата е институција која има многу напорна работа и посочува дека односот на полицијата со јавноста треба да биде отворен. 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кралицата Елизабета Втора постепено се повлекува од своите должности: Ја остава монархијата во други раце

Следно

Поради нив сѐ уште веруваме во магија: Познати парови чии љубовни приказни се инспирација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian