Канзас со неверојатен пресврт ја шокира Северна Каролина и стана НЦАА шампион

2 mins read

Кошаркарите на Универзитетот Канзас е нов шампион на НЦАА лигата откако со најголем пресврт во историјата на финалињата, во Њу Орлеанс ја совладаа Северна Каролина со 72:69.

Ова е четврта шампионска титула за Канзас во НЦАА лигата, претходно славеа и во 1952,1988 и 2008 година.

Кошаркарите на Канзас џејхокс на полувремето од натпреварот кој се играше пред 69.423 гледачи имаа негатива од 15 поени, но во вториот дел успеаја да направат голем пресврт. На 10.30 минути до крајот на натпреварот Канзас со тројката на Реми Мартин успеа да поведе со 53:50 и до крајот на средбата го контролираше резултатот.

Северна Каролина со поените на Брејди Манек дојде до водство од 68:69, но работите во свои раце ги презеде Дејвид МекКормак кој постигна четири поени по ред за водство на Канзас од 72:69 на 22 секунди до крајот.


Кошаркарите на Северна Каролина го имаа последниот напад, но играчите на Канзас одиграа одлично во одбраната и ја обезбедија победата што значеше и шампионска титула.

Дејвид МекКормак со 15 поени и 10 скокови, Џејлен Вилсон со 15, Реми Мартин со 14 и Окаи Агбаџи со 12 поени беа најзаслужни за победата на Канзас.
Токму Агбаџи беше прогласен за најкорисен играч на завршниот НЦАА турнир.

Најтрофеен универзитет е УКЛА со 11 титули, Кентаки има осум додека Северна Каролина има шест шампионски титули.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Почина големата модна икона: Ја загуби битката со ракот

Следно

Се подготвува Закон за сестринска дејност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian