ФОТО | Болка во стомакот: Мапа која открива што ви е според местото каде што ве боли

3 mins read

Болката во стомакот е една од зачестените тегоби која повремено погодува околу 90 отсто од луѓето. Понекогаш нѐ плаши заради својот интензитет, но самата јачина не значи дека причината е сериозна и обратно – благи, но долготрајни тегоби може да сугерираат на хронична болест која треба да се лекува.

Ако која било болка во стомакот ја забележувате подолго од две недели, посетете лекар за да се исклучат посериозни дијагнози. Причината за итна посета е и долготрајната надуеност, долгото повраќање, дијарејата и крвта во столицата.

Болка во абдоменот е секој вид болка која се чувствува во делот меѓи градите и препоните. Со оглед на тоа дека станува збор за голем дел од човековото тело, неопходно е точно да се лоцира местото кое боли, за полесно да се открие причината.

Пронајдете ги на фотографијата, а преводот на дијагнозите се под фотографијата:

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Gallstones – камен во жолчката
Stomach ulcer – чир на желудникот
Pancreatitis – воспаление во панкреасот
Kidney stones – камен во бубрегот
Urine infection – воспаление на уринарните канали
Constipation – запек
Lumbar hernia –повреда (поместување) на меѓупршленскиот диск (дискус хернија)
Appendicitis – воспаление на слепото црево
Pelvic pain (болка во карлицата) – гинеколошки тегоби (ендометриоза итн)
Groin pain (болка во препоните) – препонска кила
Heartburn – киселини во желудникот/гастритис
Epigastric hernia – епихастрична хернија (кила на предниот стомачен ѕид)
Early appendicitis – рана фаза на воспаление на слепото црево
Inflammatory bowel – синдром на иритабилно црево
Small bowel (тенко црево) – воспаление на тенкото црево, Кронова болест
Umbilical hernia – папочна кила
Diverticular disease – дивертикулоза на цревата
Duodenal ulcer – чир на дванаесетпалачно црево
Biliary colic – опструкција/затнување на жолчниот канал

Помалку сериозни тегоби

Причините за болка можат да бидат различни, а оние помалку сериозни причинители се:

1. Нетолеранција на храна – проблемот е во недостатокот на ензими и киселини кои не можат да се разградат, сварат и апсорбираат одредени состојки во храната.

2. Гастритис – на гастритис упатува болката, чувството на тежина во желудникот после оброк, чувството на печење или мачнина кои поттикнуваат на повраќање, надуеност, како и промени во зачестеноста и составот на столицата.

3. Труење со храна – за да одбегнете ваква ситуација не оставајте готвена храна на собна температура подолго од еден час. Треба да се води ред и за хигиената на рацете при готвењето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

АНКЕТА: Доколку утре има избори голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски политичар со најголема доверба од народот

Следно

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian