Ќе се довршуваат зградите на ДИФ и ФИНКИ, ама не во барок-стил – многу е скапо

1 min read

Министерството за образование прави нова проценка за доизградба на зградите за Факултетот за физичка култура и за Факултетот за информатички технологии кои веќе шест години се градат во кампусот на УКИМ спроти „Мавровка“. Двете згради веќе трета година не виделе работници и се во фаза на карабина, откако пропадна компанијата-изведувач, Бетон Штип, пишува „360 степени“.

За разлика од неколкуте досегашни најави за завршување на објектите, овој пат е ново тоа што од Министерството за образование велат дека се прави нова анализа, бидејќи претходните покажале оти доградбата на факултетите во барок, како што беше првично замислено, било премногу скапо.

Причината што нема напредок е што инвеститорот, Министерството за образование и наука, нема распишано нов тендер за доградба на веќе започнатите барокни зданија откако Бетон Штип отиде во стечај. Сѐ додека нема нов тендер, не може ниту да се знае кога евентуално професорите и студентите ќе ги напуштат нивните стари објекти, пишува „360 степени“.

Според податоци од МОН, за новата зграда на ФИНКИ веќе се потрошени речиси два милиони евра, а за таа на ДИФ 1,3 милиони, или вкупно околу 3,3 милиони евра државни пари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лазаров и Нант и во реваншот подобри од Фуксе Берлин

Следно

УХМР со најнова прогноза: Еве какво ќе биде времето од утре до понеделник (Фото)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian