Е. Пелистер со помош на навивачите го руши Нексе за четвртфинале во ЛЕ

2 mins read

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва (18.45 часот) во салата  „Боро Чурлевски“ против хватскиот Нексе брка негатива од три гола за пласман во четвртфиналето во Лигата на Европа.

Првиот натпревар што се играше во Нашите заврши со триумф на хрватскиот тим од 29:26, а битолчани со помош на публиката ќе се обидат да ја потврдат добрата форма во која се наоѓаат, да дојдат до поубедлив триумф и да го остварат најдобриот пласман во последните 15-тина години. Тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ смета дека неговите ракометари се подготвени за предизвикот, а дополнителен мотив е браќањето на капитенот Периќ.

– Се подготвуваме нормално, иако имавме натпревар во саботата. Одигравме агресивно и добро, па победивме. Имавме видео анализа на Нексе, а имаме и тренинзи со понизок интензитет. Сметам дека Нексе по еден параметар е меѓу подобрите во Европа, ама не сакам да откријам за што се работи. Ние сме подготвени за дуелот со Нексе, Периќ не е 100 отсто подготвен, но се враќа по повредата. Секако дека тој е важен играч, тој ни е капитен иако екипата покажа дека може да победува и без него – вели Бабиќ.

Пелистерци веруваат дека предноста е достижна, посебно бидејќи играат пред домашните навивачи.

– Како што знаете сами, имаме две многу важни средби во април. Едната е да ја вратиме титулата во Битола со Вардар, но претходно играме реванш со Нексе во Европската лига. Ќе има многу борба, а ние ќе се обидеме да се вратиме од трите гола негатива. Се надеваме дека ќе бидеме победници. Во Хрватска одигравме динамичен натпревар. Треба да се очекува пеколна атмосфера, да ја искорисиме предноста на домашен терен и да се вратиме од негативата која е три гола. Значи враќањето на капитенот, ама ова е колективен спорт. Периќ е лидер и капитен, па мислам дека може да ни помогне –сместа Граџан.

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во очекување на свадбата на наследникот на Бекамови: Познати деталите од предбрачниот договор

Следно

Потопло време утре, в четврток дожд, грмежи и засилен ветер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian