Доктор Џеј му симнува капа на центарот на Денвер: Ембид е мој човек, но Јокиќ е МВП

1 min read

Легендарниот НБА кошаркар, Џилиус Ирвинг кој е попознат како Доктор Џеј, смета дека ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ треба да биде прогласен за најкорисен играч и оваа сезона.

Доктор Џеј кој е член на Куќата на славните во Спрингфилд и е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, вели дека сезонава има само двајца конкуренти за МВП признанието, Јокиќ и Џоел Ембид, центарот на Филаделфија сиксерс, тим во кој Ирвинг ја помина речиси цела кариера.

– Се надевам дека Ембид ќе победи и ќе биде прогласен за МВП. Но, мислам дека Јокиќ најмногу го заслужува тоа признание. Јокиќ не пропушти ниту еден натпревар сезонава, секоја вечер е на теренот и прави се што е потребно за да му донесе триумф на својот тим. Јокиќ дури е и подобар од минатата сезона кога исто така беше МВП на сезоната. Но, доколку морам да го дадам својот глас, тој сепак ќе оди на контото на Ембид бидејќи е „мој човек“ од Филаделфија – изјави Доктор Џеј.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Луди факти за Дејвид Боуви: Беше фасциниран од нацистите, а урината ја чуваше во фрижидер

Следно

ВИДЕО | Харков се бори и живее: Свадба среде урнатините

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian