Димитровски: Раководството на Шилегов и СДСМ го заглавиле ЈП Лајка во долг од над 10 милиони денари

2 mins read

-Деновиве во јавноста се пласираа лажни вести, а граѓаните и целата јавност треба да знаат дека претходното градско раководство и раководството на ЈП Лајка натрупало долгови на претпријатието во износ од енормни 10 милиони денари за неполни две години. Долговите се настанати поради ненавремено сервисирање на исплатите кон добавувачите на медицински материјали, опрема, храна за кучињата, поради луксузирање на претходното раководство на изнајмување на возила, ангажирање на ПР лица, фотографи и останати трошоци, порача денеса на прес-конференција директорот на ЈП Лајка, Воислав Димитровски.

-Системот на финансирање на ЈП Лајка не бил соодветно дизајниран при основањето на претпријатието, планираната обврска за месечен надоместок од општините во град Скопје за 2021 година бил 20 000 000 денари од кои помалку од половина биле наплатени. Дополнително на ова проблемот со бездомните кучиња во град Скопје не бил третиран од претходните власти цели 2 години до ставањето во употреба на прифатилиштето во втората половина на 2020 година, рече тој. 

Тој додаде и дека заради бавното реновирање на објектот на ЈП Лајка, и немање на алтернативна стратегија за решавање на проблемот и знаејки го процесот на природна прогресија, овој период, како што вели,  предизвикал сериозно зголемување на популацијата на бездомни кучиња во градот.

-Според Ревизорскиот извештај само за 2021 година склучени се 76 авторски договори за ангажирани лица, за кои само за 6 има извештај за извршени улуги, за сите останати само договор. Дополнително биле исплаќани пари на лица и склучени 36 договори за нивно ангажирање без наведување на потребата за кои се исплатени над милиони ипол денари, како и 21 договор за технички услуги без наведување на потребата за ангажирање.  Во следниве неколку дена ќе излеземе во јавноста со изнесување на точни факти за ангажманите на овие лица и вршени услуги со законски нерегуларности кои биле направени од претходното раководство на ЈП Лајка, порача тој. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Нова затворска казна за Миле Јанакиески

Следно

Турските командоси бараат мини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian