Де Брујне го проби бункерот на Атлетико, Ливерпул со една нога во полуфиналето во ЛШ

1 min read

Фудбалерите на Манчестер сити успеаја да слават со минимални 1:0 против Атлетико Мадрид во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, додека Ливерпул оствари убедлив триумф од 1:3 на гостувањето кај Бенфика.

Натпреварот што се играше на „Етихад“ се одвиваше како што се очекуваше, „граѓаните“ доминираа, додека Атлетико имаше само една цел, како да ја зачува сопствената мрежа и поради тоа, во првиот дел не упати ниту еден шут кон голот на Сити.

„Граѓаните“ имаа 67 отсто посед на топката, имаа 635 точни додавања наспротив 225 на играчите на Атлетико, изведоа 9 корнери и имаат 15 шутеви кон голот на Облак, од кои два беа во рамките на голот, а еден заврши во мрежата.

Гостите одолеваа на нападите на играчите на Манчестер сити, се до 70. минута кога „бункерот“ на Атлетико успеа да го пробие Кевин де Брујне и на својот тим да му обезбеди предност од еден гол на реваншот што ќе се игра во Мадрид.

Вториот англиски тим кој настапи вечерва во четвртфиналето во ЛШ, Ливерпул славеше со 1:3 на гости кај Бенфика и со едната нога е веќе во полуфиналето.

Конате во 17. минута го отвори резултатот, а Мане во 32. минута зголеми на 0:2. На стартот од вториот дел, Нуњез во 49. минута и даде надеж на Бенфика дека може да го избегне поразот, но точка на натпреварот стави Луис Дијаз во 87. минута. Реванш натпреварите ќе се играат идната среда.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Харков се бори и живее: Свадба среде урнатините

Следно

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian