Бензема го кани Мбапе во Мадрид: Заедно во Реал ќе дадеме двојно повеќе голови

1 min read

Напаѓачот на Реал Мадрид и на француската репрезентација, Карим Бензема уште еднаш го повика Килијан Мбапе потпише за „кралскиот клуб“.

Бензема во интервју за „Лекип“ изјави дека од идната сезона партнер во нападот во Реал Мадрид сака да му биде токму Мбапе на кого на 1 јули му истекува договорот  со ПСЖ.

– Обожувам да играм со Килијан во француската репрезентација  и би сакал да бидеме партнери во нападот и во Реал Мадрид. Мислам дека заедно би дале двојно повеќе голови – изјави Бензема.

Бензема по пауза од повеќе од шест години повторно се врати во репрезентацијата на Франција и се очекува заедно со Мбапе да го предводат нападот на „триколорите“ на претстојното Светско првенство што од 21 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар.

– Играњето за француската репрезентација е прашање на гордост и среќен сум што се вратив. Добро се адаптирав, и сека сакам да освојувам трофеи со репрезентацијата – додава Бензема.

Следен предизвик за Реал Мадрид и за Бензема ќе биде утрешниот натпревар против Челси во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

– Нема фаворити во Лигата на шампионите и тоа го докажува нашиот дуел со ПСЖ. ПСЖ беше фаворит по првиот натпревар, но ние успеавме да ги елиминираме. Челси е голем тим, тие се актуелен европски шампион, но ние ќе се обидеме да дојдеме до позитивен резултат – изјави Бензема за „Лекип“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што направила со своето лице: Новото видео на Мадона ги загрижи фановите

Следно

Нова затворска казна за Миле Јанакиески

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian