Атлетико овој пат во Манчестер не доаѓа како фаворит, Ливерпул се колне во традицијата – елиминација на Бенфика носи финале

4 mins read

Вечерва со натпреварите во Манчестер и во Лисабон започнува битката за пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите, ќе се играат два натпревари на кои премиерлигашите ќе ја имаат улогата на фаворити.

Манчестер сити на „Етихад“ стадионот го пречекува Атлетико Мадрид кој во осминафиналето го  елиминира градскиот ривал Манчестер јунајтед, но овој пат во Англија не доаѓа како фаворит. Во второто четвртфинале се среќаваат Бенфика и Ливерпул, а навивачите на „црвените“ се колнат во традицијата која покажува дека Ливерпул кога и да бил подобар од португалскиот тим, сигурно обезбедувал пласман во финалето од елитното натпреварување.

Сити петти пат по ред игра во четвртфиналето од ЛШ, а минатата година стигна и до финалето каде загуби од Челси со 1:0. Иако ја има фавортиската улога во двомечот, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола очекува тежок натпревар на кој ништо нема да биде решено.

– Атлетико е многу поофанзивен тим од што мислат луѓето. Тие не сакаат да ризикуваат во креирањето на акцијата, но кога е дојдат до последната третина од теренот, односно пред противничкиот гол, тогаш се многу опасни. Во Лигата на шампионите секогаш претерувам со тактиките, па и сега „ќе има нешто ново“ – вели Гвардиола.

Во таборот на шпанскиот тим пак се надеваат дека ќе успеат да го повторат успехот од последното гостување во Манчестер кога со 1:0 го совладаа Јунајтед и си закажаа пресметка со „граѓаните“.

– Се надевам дека ќе можеме да го повториме тој резултат. Но, Сити има огромен потенцијал во нападот. Знаеме дека пред нас е натпревар во кој ќе патиме, ќе биде тешко, но подготвени сме за предизвикот – изјави Стефан Савиќ, дефанзивецот на Атлетико.

Ливерпул ќе ја има фаворитската улога во дуелот со Бенфика уште на мечот во Лисабон, а иако тренерот Јирген Клоп е претпазлив во најавите, навивачите се колнат во традицијата. Имено, секогаш кога во минатото играле овие две екипи и славел англискиот тим, тогаш сигурно стигал со финалето.

Во 1978 година, Ливерпул и Бенфика играа во четвртфиналето на тогашниот Куп на европски шампион (КЕШ), а „црвените“ славеа на на двата натпревари со 4:1 и 2:1. Подоцна во финалето, Ливерпул со 1:0 го совлада Бриж. Во сезоната 1983/84, Ливерпул во четвртфиналето на КЕШ повторно славеше во двата дуели со Бенфика со 1:0 и 4:1 и во финалето на пенали ја совлада Рома.

Веќе наредната сезона овие два тима повторно играа меѓу себе и тоа во второто коло од КЕШ. Ливерпул загуби со 0:1 на првиот натпревар, но во реваншот славеше со 3:1 и потоа успеа да дојде до финалето каде загуби од Јувентус со 1:0.

Последната пресметка меѓу овие две екипи во нокаут-фазата беше во 2006 година Бенфика за прв пат успеа да го елиминира Ливерпул. Португалците славеа на двата меча (1:0,2:0), но во следната рунда налетаа на Барселона која подоцна ја освои титулата.

– Бенфика е опасен тим, а е уште поопасна во случај како сега, кога не ја има фаворитската улога. Затоа мора да бидеме паметни, да играме трпеливо, да покажеме квалитет и победнички менталитет – рече Клоп.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Неприкосновена икона на стилот која има 100 години: Повеќе е повеќе, а помалку е здодевно

Следно

Агим Јонуз: Апасиев ги измеша работите, Левица е лицемерна за пописот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian