Агим Јонуз: Апасиев ги измеша работите, Левица е лицемерна за пописот

1 min read

„Левица повика на бојкот на пописот и нема легитимитет да зборува за ова. Тие ја исхушкаа најголемата бројка поради која се такви резултатите. Тоа е лицемерно“, рече политичкиот аналитичар Агим Јонуз во емисијата „Само вистина“, во која гостува заедно со Јована Мојсоска од Левица.

„Штета што лидерот на вашата партија не е тука во лице да му кажам која чорапа на која нога се носи, затоа што тој ги измеша тие работи. Освен критика, Левица никаква солуција не дава. Немам што да дискутирам јас со вас за ова, рече Јонуз, обраќајки ѝ се на Мојсоска.

Според него, ние после 20 години имаме попис и сме Република Северна Македонија, но се однесуваме како „АД Македонија“.

-Етноцентристичките радиуси на моќ се испотепаа за бројки и цифри, за мерење на дијметарот на радиусот на моќ за да може да се знае на кого до каде му е чергичето. Ние не создадовме здрава нација и семакедонска, се испотепавме колку Македонци, Албанци, колку Срби има. Ретко кој ја зборува вистината и и гледа во очи. Ние во државата се однесуваме како акционерско друштво, кажа Јонуз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Атлетико овој пат во Манчестер не доаѓа како фаворит, Ливерпул се колне во традицијата – елиминација на Бенфика носи финале

Следно

Словенија протера 33 руски дипломати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian