Вучиќ најуверливо победи во Куманово, освои 95 отсто од гласовите

1 min read

На српските претседателски и парламентарни избори се гласаше и на две избирачки места во Македонија, а старо-новиот српски претседател Александар Вучиќ, се чини, токму овде оствари најуверлива победа.

На избирачкото место во српската амбасада во Скопје, Вучиќ освоил 485 или 90 отсто од гласовите од вкупно 538 гласачи, додека Српската напредна партија на парламентарните избори освоила 355 или 66 отсто од гласовите, соопшти српската Републичка изборна комисија.

Во Куманово, каде за првпат беше отворено избирачкото место за изборите во Србија, Вучиќ освоил 295 гласови или 95 отсто од вкупно 311 гласачи, додека неговата Српската напредна партија освоила 264 гласа или 82 отсто, Социјалистичката партија на Србија (СПС) имала 20 гласа, додека другите листи добиле вкупно 27 гласа, пишува порталот Срби.мк.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Свадбени ѕвона: Причината поради која девериците носат исти фустани

Следно

Стоиљковиќ: Власта да даде одговор каде исчезнаа една третина од припадниците на српската заедница во Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian