ВМРО-ДПМНЕ: Власта се луксузира, народот осиромашува, според СДСМ антикризните мерки даваат резултати

3 mins read

Процентот на растот на инфлацијата е поголем од растот на платите во Македонија, а со тоа целосно е уништен стандардот на граѓаните. Власта на СДСМ и ДУИ ги интересира само луксузирањето на нивните функционери. Енормни суми се трошат за гоштевање, нов возен парк за министрите и директорите, нов мебел, а за граѓаните зголемување на цените на сите неопходни продукти, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија граѓаните тонат во сиромаштија.

-Поскапувањата на основните продукти за 30-50%, лебот на над 110%, на горивата за над 70%, а цената на струјата за 30%  додатно удираат по џебот на граѓаните. Мерките за справување со кризата на власта беа нецелосни и задоцнети, а тоа го покажуваат и бројките. Над 35% од населението во државата е во ризик на сиромаштија, секој ден имаме десетици фирми кои ставаат клуч на вратите и стотици луѓе кои ја се отпуштаат од работа. За лошата слика во економијата и катастрофалните економски политики доказ се процентот и бројките по растот на БДП за 2021 година. Македонија е закована на дното во регионот со само 4% раст на БДП. Споредбено со другите земји каде што Косово во 2021 има раст на БДП  од 10,53%, Албанија има раст 8,54%, а Србија има раст од 7,40%, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив сите економски показатели се во негатива, но само долгот на државата е во раст.

-Со оваа власт државата ја надмина психолошката граница на над 61% и надмина над 7 милијарди евра. Со оваа криминалната власт секој граѓанин во државата е задолжен за над 3.500 евра, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката СДСМ тврдат дека антикризните мерки даваат резултат, и секое домаќинство месечно добива помош од 4.000 денари.

-Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ во вредност од 400 милиони евра, за ублажување на последиците од најголемата светска економска и енергетска криза даваат резултати за спречување на ценовниот шок и заштита на стандардот на граѓаните. Благодарение на брзите и ефикасни мерки сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно. Само со намалувањето на ДДВ за основните прехранбени производи од 5% на 0%, од април до јуни, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари месечно, соопштуваат од СДСМ.

Според нив најголема заштеда односно ефект има кај мерката за електрична енергија.

-Доколку Владата не ја субвенционираше струјата, сметките за струја на граѓаните би биле околу 2.150 денари повисоки на месечно ниво. Просечно 300 денари заштеда месечно за домаќинствата обезбедува намалувањето на стапката на ДДВ од 18% на 10% за енергенсите, односно акцизата. Истовремено, минималната плата е двојно поголема од времето на ВМРО-ДПМНЕ, пензионерите добиваат помош од 1.000 денари месечно и рекордно зголемување на пензиите, обезбедна е поддршка на ранливите граѓани. Во време на огромна криза, Владата предводена од СДСМ, го користи секој расположлив денар од буџетот за поддршка на граѓаните и комапниите. СДСМ како одговорна партија продолжува со одговорни, ефикасни и издржани економски политики, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 4 април: Станувате многу посамоуверени и пооптимистични

Следно

„СДСМ продава веќе продадена работа по втор пат, откако во 2019та Заев договорил заедничко чествување на Цар Самоил, сега Ковачевски истото го договорил по втор пат“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian