ВИДЕО | Старо-нова класика: Димитар Андоновски и Сара Мејс ја препеаја „Ако одам во Битола“

1 min read

Нема кој не ја слушнал „Ако одам во Битола“. Песната е придружник на сите веселби и важни животни настани и има доживано многу верзии. Сега имате шанса да ја слушнете најновата, од неофицијалната битолска химна.

Познатиот пејач Димитар Андоновски и даде нова верзија на народната песна,  која веќе се здобива со многу позитивни коментари.  Дел од креацијата на песната се и неговата колешка, пејачката Сара Мејс која свири на харфа и познатата битолска група „Фонтана“.

„Ако одам во Битола“ е авторско дело на легендарниот Петар Георгиев – Калица и за многумина е неформална химна на Битола. Песната била првпат изведена во 1989 година од Октетот Македонија на фестивалот Валандово ‘89.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

УХМР со најнова прогноза: Еве какво ќе биде времето до крајот на неделава (ФОТО)

Следно

ВИДЕО: Болоња со „услуга“ за Елмас и Наполи во борбата за Скудетото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian