ВИДЕО | Греми наградите не можеа да поминат без Вил Смит: Еве ги шегите

2 mins read

Синоќешното доделување на Греми наградите не можеше да помине без да се спомне шамарот што Вил Смит му го удри на комичарот Крис Рок претходната недела.

Првиот што се пошегува на таа тема беше секако водителот Тревор Ноа.

„Ќе слушаме музика, ќе танцуваме, ќе пееме. Нема да спомнуваме некои имиња и ќе делиме награди цела вечер“, рече тој, алудирајќи на тоа дека Смит по инцидентот со шамарот викаше Крис Рок да не ја спомнува неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.

Со шегите продолжи и актерот Левар Бартон.

„Сакам да ве предупредам дека следниот презентер е комичар. Ако знаете на што мислам. Сакам да ве предупредам сите да останете на своите места и да припазите на вашите раце“, рече тој пред да го најави Нејт Баргетц.

Тој пак, излезе на сцената со кацига на главата.

„Рекоа дека комичарите мора да го носат ова ако сакаат да се шегуваат на доделувањето на наградите. Дури не ми го покрива ни лицето, ми се чини дека покажува само каде да ме удрите“, се пошегува тој.

квестлов
Квестлов / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Музичарот на Квестлов пак, при доделувањето на наградата истакна дека очекува сите да се држат на 150 метри од него.

Повеќе написи на темата:

ГАЛЕРИЈА | Ова се победниците на годинашните Греми: Голем триумф на Џон Батист и Силк Соник

ФОТО | Бруно Марс запали цигара на сцената на Греми наградите: Што е следно?

 

ФОТО+ВИДЕО | Ова се најкоментираните моменти од доделувањето на годинашните Греми награди

 

ВИДЕО | Зеленски се обрати на доделувањето на Греми: Нашите музичари носат панцири наместо смокинг

 

ГАЛЕРИЈА | Што носеа славните дами: Кои беа најубавите, а кои најлошите фустани на Греми наградите

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведен измамник од Скопје за доиздржување затворска казна

Следно

Можно е Мбапе да не направи трансфер во Реал Мадрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian