Вечерва во рамките од 31 коло во најсилното италијанско првенство составот на Милан на домашен терен ремизираше без голови (0:0) со Болоња.
Сега „росонерите“ имаат само еден бод предност пред второпласираниот Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Домаќините имаа поголем број на удари, посед на топка, повеќе време на противничката половина и можности за реализација, но мируваше мрежата на Скорупски.
Денеска се одигра уште еден меч, Верона забележа минимален триумф (1:0) над Џенова со голот на Симеоне во петтата минута.
Серија А, 31. коло:
Сабота:
Салернитана – Торино 0:1
Лацио – Сасуоло 2:1
Специја – Венеција 1:0
Недела:
Фиорентина – Емполи 1:0
Аталанта – Наполи 1:3
Удинезе – Каљари 5:1
Сампдорија – Рома 0:1
Јувентус – Интер 0:1
Понеделник:
Верона – Џенова 1:0
Милан – Болоња 0:0
Табела:
Милан 67 бодови
Наполи 66
Интер 63
Јувентус 59
Рома 54
Лацио 52