Свадбени ѕвона: Причината поради која девериците носат исти фустани

1 min read

Ако некогаш сте биле деверица, веројатно сте биле сведок на тешкиот процес во кој се бараат совршените фустани за сите девојки кои ќе ја придружуваат невестата на венчавката.

Но, дали некогаш сте се запрашале како започнала оваа традиција?

Деверици
Фото: Pexels/Jenn

Според „Mental Floss“, оваа симпатична традиција датира уште од античко римско време, кога девериците не само што се облекувале исто, туку и носеле исти фустани како оној на невестата.

Во тоа време, невестите морале да поминат километри за да стигнат до домот на младоженецот, а по пат биле изложени на напади од разбојници или поранешните љубовници на невестата. Исто така, имало и верување дека постојат зли духови кои може да ја нападнат невестата. Токму затоа девериците се облекувале исто како невестата, за да ги збунат оние кои сакаат да им наштетат на младенците.

Интересно, зар не?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ескобар: Корупцијата во БиХ е најтешка тема на Западен Балкан

Следно

Вучиќ најуверливо победи во Куманово, освои 95 отсто од гласовите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian