Во најновиот број на весникот „Слободен печат“ читајте:
Хроника
Руската агресија ги менува сметките на Софија – Бугарија почна да трпи штета од ветото?
– На бугарската влада ѝ одговара да го искористи моментот и евентуалното тргање на блокадата во јуни, пред домашната јавност да го претстави како „антируски“ политички чин, велат политички аналитичари.
Aпостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика – Црквата да им објасни на верниците како да се изјаснуваат
– Што е што Ако МПЦ не успеала да им разјасни на своите членови што се христијани, а што православни, треба да поведе сметка како дејствуваат кај верниците. Попишувачите немаат право да им сугерираат на граѓаните како се чувствуваат, е ставот на Симовски.
Економија
Ќе се војува уште една битка за пензионерите – Партијата на пензионери бара законска минимална пензија
– Ќе се иницира законско решение според кое минималната пензија нема да биде под 70 отсто од минималната плата, а ќе се бараат и законски измени според кои просечната пензија ќе биде најмалку 60 отсто од просечната плата
Свет
Нова победа на популистичката Фидес на изборите во Унгарија – Ликувањето на Орбан се гледа од месечината
Избори во Србија – Вучиќ стигна до „ветените“ 60 отсто
Магазин
64-то доделување на наградите „Греми“ – Џон Батист со шест признанија, Оливија Родриго „откритие на годината“
– Домаќин на настанот беше комичарот Тревор Ноа, најголемите музички имиња се прошетаа на црвениот тепих, а најголем фаворит беше џез-музичарот Џон Батист со 11 номинации.
Скопје
– Јавно претпријатие Лајка се пофали – За три месеци вдомени 94 улични кучиња