Славниот рапер одлучи да побара психолошка помош: Биполарното растројство му предизвикува проблеми

1 min read

Раперот Канје Вест конечно вети дека ќе побара помош откако со месеци преку текстови и оптужби на социјалните мрежи ја напаѓаше поранешната сопруга Ким Кардашијан и нејзиниот нов дечко Пит Дејвидсон.

Од почетокот на годината се покажа дека Канје се повеќе е фрустриран што Ким го напуштила и започнала да излегува со комичарот.

Имено, изворот кој ја дал изјавата за „Page Six“, кажал дека Канје ѝ ветил на Ким дека нема повеќе да се појавува во јавноста ниту ќе објавува вознемирувачки зборови за неа на друштвените мрежи и дека ќе замине некаде и ќе се обиде да се излекува.

Поранешните сопружници Ким и Канје / Фото: EPA-EFE/RINGO CHIU

Во овој момент Канје е посветен на здравиот заднички родителски однос со Ким и фокусиран на одгледување на нивните прекрасни деца, изјави изворот и додаде дека „не е сè уште јасно дали Канје планира да оди во установа за лекување, со оглед на тоа што тој останал во Лос Анџелес со цел да биде со своите деца.“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Општина Карпош за прв пат објавува јавен повик за избор на најдобро уреден училишен двор

Следно

Официјално: Голманот Ландин од Кил во Алборг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian