Славниот актер проговори за траумите: Сè уште не можам да се помирам со тоа, имам ПТСН

2 mins read

Актерот Лијам Нисон откри кој настан од детството го оставил со последици кои го следат цел живот и му создале еден вид посттрауматско стресно растројство.

Нисон за AARP The Magazine ги откри трауматичните искуства кои ги доживеал како дете, а зборуваше и за неговите спомени, вклучувајќи го и она од неговото детство кое било многу стресно за него.

„Кога растев, се сеќавам дека секој викенд ја слушав нашата сосетка која го тепаше пијаниот сопруг. Сега е мртов, но тоа е сеќавање кое сè уште не можам да го поднесам. Тоа е еден вид на ПТСН”, изјави актерот.

Лијам Нисон/ Фото: EPA-EFE/IBRAHIM OT

„Не знам дали ми остави лузни, но дефинитивно обликуваше нешто од мојот карактер. Можеби дури и кога ги играм овие насилни улоги, поради тоа се обидувам да донесам некакво искупување или правда“, рече Нисон, кој исто така зборуваше за растењето за време на конфликтите во Северна Ирска, сведочејќи го насилството во Белфаст во тоа време.

Доживеал голема трагедија во 2009 година

„Минатиот јануари беше 50-годишнината од она што е познато како Крвава недела, кога британските падобранци убија 13 наши луѓе на улиците на Дери, на северот на Ирска. И се сеќавам на следниот ден, кога сè беше неверојатно тивко и многу, многу злокобно. Живеев во Белфаст во тој период и сега се сеќавам на тоа. Зошто го преживеав тоа?, rаскажа Нисон, додавајќи дека ја истражувал Алцхајмеровата болест за да се подготви за неговата улога во новиот филм „Memory“.

Лијам Нисон Фото: EPA/YONHAP SOUTH

„Мојата постара сестра има многу близок пријател кој боледува од деменција и не може да се сети на работите од пред пет, 10, 15 минути. Овој филм треба да биде поучен и забавен, но има една подлабока приказна за раскажување“, објасни тој.

Актерот доживеа голема трагедија и кога неговата сопруга Наташа Ричардсон почина во 2009 година во Квебек, Канада, на 45-годишна возраст, откако удри со глава додека присуствуваше на часови по скијање за почетници. Лиам Нисон и Наташа Ричардсон се венчаа во 1994 година и имаат два сина, Мајкл и Даниел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косово е подготвено за дијалог, но Србија го одолговлекува процесот, вели претседателката Османи

Следно

Лига Европа, Бабиќ: Подготвени сме за реваншот против Нексе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian